Македонија 08. март 2019. / 09:59

Мицкоски: Пендаровски ќе му ја спасува политичката кариера на Заев

Мицкоски: Пендаровски ќе му ја спасува политичката кариера на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова во претседателската трка, а така изјави и во гостувањето на една национала телевизија.

Тој смета дека Стево Пендаровски е кандидат за спас на политичката кариера на премиерот Зоран Заев.

– Очекувам една голема победа на професорката Силјановска, затоа што компаративните предности се навистина неспоредливи, вели Мицкоски. Навистина сум збунет дали Пендаровски е консензуален или не е консензуален кандидат. Вчера го слушав на едно интервју малку делуваше како да не е во сопствената кожа и кажува те бил те не бил, те ги почитувал одлуките те не ги почитувал одлуките на СДСМ и така натаму па од кога имаше малку непријатни прашања видовме дека практично е збунет и конфузен односно не знае дали е консензуален или не е консензуален. Но она што е важно е суштината е дека не само што не е консензуален кандидат туку тој е кандидат за спас на политичката кариера на Зоран Заев и аминување на заевизмот. – истакна Мицкоски.