Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет. Да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден, да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, рече Мицкоски на денешниот антивладен протест пред Владата.
– До Зоран Заев и Владата, на памет да не ви паѓа да го начнете македонскиот идентитет. Ви ветувам заедно со овој народ овде тоа диво месо ќе биде хируршки прецизно отстрането, а потоа не само за криминалот и за велепредавствто ќе одговарате, јас ви ветувам кога тогаш. До македонскиот народ, до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, Египќаните, до сите сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија, рече Мицкоски во говорот пред Владата.
Тој на протестот упати пораки и до нашиот источен сосед и до меѓународната заедница.
– Ако мислите дека измисливте, пронајдовте и поддржавте квинслинг и квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете. Ниту тој квинслинг ниту оваа квилнслиншка влада од нашата колективна меморија, од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, Хаџи Николов, Поп Арсов, затоа што тие се бореа за нова, современа македонска држава. Оваа порака ја упатувам до политичарите кај нашиот источен сосед, рече Мицкоски повикувајќи ги при првата посета на Скопје, пред споменикот на паднатите борци од народно ослободителната борба, да, како што рече, клекнат и се извинат на македонскиот народ за тоа што му го направиле, рече лидерот на опозицијата.