Имав средба со германскиот пратеник и заменик координатор на парламентарната група на ЦДУ-ЦСУ во германскиот Бундестаг задолжен за надворешни работи, одбранбена политика и Советот на Европа, Јохан Давид Вадефул, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Разменивме мислења за состојбите во Република Македонија и европските перспективи. Македонија ја има поддршката од пријателите кои ги поддржуваат нашите определби за борба против корупцијата, реформите за подобар живот и имплементација на европските стандарди.На Европа и требаат земји со решени внатрешни прашања и состојби, а не влади кои се потопени во корупција, криминал и поделби. Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори за повисоки стандарди и промени. Обновата доаѓа!, напиша Мицкоски.