Заев е нервозен затоа што паѓа, и добро знае дека после следи одговорност, и тоа одговорност за неправдите и криминалот, одговорност за корупцијата и назадувањето, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
–Остварив посета на Општинскиот комитет Карпош. И можам да кажам дека Карпош како и цела Македонија се крева против неправдите и се определува за Обнова на Македонија. Изборот е помеѓу честитост и правда која заедно ќе ја донесеме или арамилук и неправда донесена од Заев и власта, напиша Мицкоски.