Македонија 06. јануари 2019. / 18:29

Мицкоски од Ѓорче Петров: Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата

Мицкоски од Ѓорче Петров: Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бадниковата вечер ја помина во црквата Св. Aпостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров.

Во пресрет на Рожденството Христово Божиќ, бадниковата вечер ја поминав во црквата Св. Aпостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров.

На православните верници им го честитам големиот празник, со искрени желби за добро здравје, бериќетна година и успеси. Она што го посакувам на секој еден од вас е да бидете среќни, заеднички да градиме иднина, и да покажеме одговорност кон нашата земја.

Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата.

Нашата борба е за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани!

И покрај сите предизвици, и покрај сите премрежја, имајте спокојни празнични денови со вашите семејства.

Христос се роди! 
Навистина се роди!, напиша Мицкоски на Фејсбук.