Македонија 07. октомври 2020. / 19:52

Мицкоски: Неспособноста на Заев убива луѓе

Мицкоски: Неспособноста на Заев убива луѓе

317 новозаразени од КОВИД. Работата одамна е излезена од контрола. Заев пред изборите прогласи победа над заразата, демантот на ова стигнува секој ден изразен во заразени и смрт, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, на социјалните мрежи.

Неспособноста на Заев и министрите убива и чини животи.

Ако мафијата, наместо кон крадење беше насочена кон спасување животи, денес ќе имавме друга ситуација.

Починатите не се бројка, тоа се имиња и презимиња кои денес не се со своите семејства.

Неспособноста на Владата убива!, напиша Мицкоски.