Македонија 23. октомври 2019. / 15:23

Мицкоски: Немојте никогаш да го разочарате народот зошто од него ќе ја имате довербата, а тоа е најважниот столб во државата!

Мицкоски: Немојте никогаш да го разочарате народот зошто од него ќе ја имате довербата, а тоа е најважниот столб во државата!

Во своето обраќање од Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ги чека многу работа, а главните предизвици ќе дојдат по формирањето на новата влада и дека престои обнова за која мораме да се избориме.

Обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, Исправена, Европски интегрирана, техниолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира. Обновата значи да ги решиме и проблемите за кои говорев на почетокот, онаа неправдата која му е нанесена на Трајче и Сиљан од Битола, да помогнеме на Митре од Струмица, Жаклина од Ресен, Димитар од Карпош, да ја вратиме Гордана. Да решиме стотици, илјадници проблеми на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека нивната задача е да ја вратат надежта кај луѓето и заедничката среќа.

Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот, не само да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во буџетот на Македонија. Мора да се врати одземеното. Ќе направиме да не застарува економскиот криминал. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чуствуваат заштитени, посочи Мицкоски.

Тој во обраќањето побара од присутните да го слушнат внимателно, бидејќи, како што рече, повеќето од вас овде ќе бидат кандидати и треба да знаат дека по изборите ќе имаат одговорна задача да и служат на земјата и да раководат со институциите, па им упати неколку пораки:

Немојте никогаш, ама баш никогаш да го разочарате народот. Од него ќе ја имате довербата, и тој е најважниот столб во оваа држава. Вие му служите нему. Нема да имам милост кон било кој што ќе посегне по неправда и корупција, одговорност за сегашната власт ќе има за оние кои се огрешиле кон законот, а со лупа најблиску ќе ја следам и вашата работа и за секој престап одговорноста ќе биде понесена, без оглед колку некој е блиску до мене и колку битки заедно сме издвојувале.Тоа не ве прави големи, туку мора да ве прави поодговорни. Мора да се врати кај народот вербата во политичарите зошто не сме сите исти, а доаѓа ново време. Ќе ја вратиме вербата со дела, изразен морален и етички кодекс на однесување и никакви делби на граѓаните. Не смееме да ги направиме грешките на оваа неодговорна власт, и да научиме од грешките на нашето владеење кои му сметаа на народот. Мора да работиме десет пати, сто пати подобро и понапорно од било кога досега за да ја обновиме земјата. Мора да го оствариме сонот за развиена држава, да отвориме досега најголема битка против неправдите – потенцираше Мицкоски.