Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на 21 ТВ, изјави дека неговата партија веќе речиси две години е во опозиција и дека за тоа сигурно постои добра причина.
Тоа е завршено време, сега сме две години потоа. Ако ние правиме реминисценција со минатото континуирано и ако тоа нас ни е изговор за погрешните политики на оваа политичка елита, која што очигледно Македонија ја води во погрешна насока, тогаш ние никогаш нема да стигнеме на вистинското место- изјави Мицкоски.
Тој ги спомена и скандалите со криминални тендери и парите добиени од Фондот на иновации на луѓе блиски до партијата на власт, а од таму немаше сменети функционери.