Коментирајќи ги економските политики на Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија „Сонце“ истакна дека тие се базирани на трговија со парите на граѓаните.
Тој посочи дека Заев тргува со она што им припаѓа на граѓаните и додава дека на овој начин државата не може да се развива, а ниту една реформа на власта не се темели на здрава основа.
-Тој тргува со тоа што е ваше, еднашка ви го зел втор пат ви го зел и сега сакаа да ви врати. Немојте да им верувате на луѓето кои што еднашка се докажале дека не ја говорат вистината. Нашата битка е таа да убедиме што е можно во нашата вистина, да убедиме што е можно повеќе луѓе дека не е вистина. Да ги убедиме дека на овој начин не може државата да се развие. Претпоставувам дека нивната битка ќе биде спротивна дека ова е тоа. Но еве да се вратам на почетокот од тезата, кажете ми една реформа која што е успешна и која што се темели на здрава основа, не постои таква реформа, потенцираше тој.