Македонија 22. декември 2020. / 12:36

Мицкоски не присуствуваше на рочиштето „27 април“ поради закажани обврски, ќе присуствува на следното

Мицкоски не присуствуваше на рочиштето „27 април“ поради закажани обврски, ќе присуствува на следното

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради однапред закажани обврски беше спречен да присуствува на денешното рочиште за организаторите на „27 април“.

Мицкоски не успеа да присустува на овој настан заради претходно закажани обврски, но доколку биде уредно поканет ќе сведочи на првото наредно рочиште. Со задоволство ќе посведочи за вистината, наспроти политичките злоупотреба и прашината кои се креваат зад овој случај.

На денешното судење како предлог на обвинетите, ќе сведочи ексградоначалникот на Скопје и функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и претседателот на градскиот комитет на партијата, Владимир Неловски.

Од страна на вешто лице Мирослав Котевски ќе биде презентиран и вешт наод за телефонските комуникации на обвинетите Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и осудениот Алекдандар Василевски-Нинџа.