Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук сподели дел од денешната атмосфера на средбата со граѓаните во Гевгелија и посочи дека народот бара обнова.
–Народот се крева и бара крај на овие неправди. Следува период во кој Власта ќе ги повторува истите лаги, истите манипулации и празни фрази. Следува период кога апатијата ќе сакаат да ја претворат во лажна надеж, ќе ветуваат дека ќе имало правда, и владеење на правото, а првото што го направија е како да го амнестираат Зоран Заев од митото кое го гледавме како го земаат. Така ќе сакаат да го покријат срамот од неуспесите кои како Влада ги редат. А на Македонија и требаат успеси, и треба европска иднина, и треба крај на арамилукот на оваа влада. На Македонија и треба обнова и за таа обнова заедно ќе се избориме – напиша Мицкоски.