По вчерашниот телевизиски дуел со Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на „Фесјбук“ ги сподели своите импресии.
-На Заев му беше срам, се плашеше, се препелкаше, не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со договорот ги избриша. А неговиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше дека не е тој народ македонски, туку дека станува збор за етницитет, напиша Мицкоски.