Македонија 10. септември 2019. / 19:44

Мицкоски: На егзодусот мора да му се стави крај, а прв чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт

Мицкоски: На егзодусот мора да му се стави крај, а прв чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт

Стотици семејства си заминуваат од Македонија, што направи Зоран Заев за овие три години за да задржи барем еден човек?, преку фејсбук прашува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Стотици огништа ќе има помалку, затоа што овие луѓе немаат ниту една причина повеќе да седат во сопствената татковина. Поразителна и болна е оваа реалност каде што нема ниту еден сегмент каде што блескаме, му се збогтиса на народот од разно-разни Заевци, Вицевци, Анѓушевци. На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт! – напиша на својот Фејсбук профил, Христијан Мицкоски.