Десничарската ВМРО-ДПМНЕ и меѓународната заеднца имаат одлична соработка заснована на факти и аргументи, вели претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој вечерва гостува во интервју на МРТ 2.
– Секогаш кога разговараме, разговараме на принципиелна основа, со факти. И се додека се држиме до фактите и аргументите и не импровисираме, е продолжиме да имаме одлична соработка. Првиот момент кога некој од соговорниците ќе го напушти овој принцип, тогаш можеби и нема да имаме толку конструктивна соработка. – рече Мицкоски.