Македонија 13. декември 2019. / 13:03

Мицкоски: Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот

Мицкоски: Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денеска во Париз оствари посета на Француската стопанска комора, Медеф Интернационал, каде членуваат едни од најголемите француски бизнис компании со работа распространета во повеќе од 150 земји во Светот

На средбата се зборувало за неколку конкретни проекти кои биле предмет на интерес на француските компании, а од страна на Мицкоски било посочено дека новата Влада која ќе следи по изборите на 12-ти април ќе биде заинтересирана за силна и продлабочена бизнис соработка и искористувањето на Македонија во оснос на странските компании кои ќе бидат насочени кон реализација на капитални инвестиции.

– Фокус на новата Влада ќе биде отворање на добро платени нови работни места, но и развој на енергетски и технолошки проекти кои ќе обезбедат модернизација на економијата и општеството, напиша Мицкоски во објавата на фејсбук.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како што се вели во неговата објава, посочил дека следува период на промени во Македонија и воспоставување одржлив систем на владеење со правото кој ќе гарантира сигурност на бизнис заедницата.

– Наш интерес е Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот, преку процес на реформи кои ќе донесат економски бум, новата влада ќе работи за економски прогрес на сите граѓани, напиша Мицкоски.