Сомнежот е дека криминалот во Рекет од вакви размери не е можен без поддршка на Зоран Заев, изјави на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека сомнежите се дека Заев го штити овој криминал, а тоа го темели на следните факти:
-Прво Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Но во овој момент тоа отсуствува. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на овој октопод.
-Второ Зоран Заев е свесен дека меѓунарониот сојуз на Бојан Јовановски важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, изнуда и рекет.
-Трето, од почетокот тврдев и сеуште тврдам, Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си. Некои велат Катица е следната, но тоа треба да продолжи со Кики и Фрики, со министри и функцинери за кои има сомнеж дека биле вклучени во овој и многу други скандали. А тоа е неостварливо со ваква врхушка на власт. Значи наместо борба против криминал имаме борба за заштита на криминал.
-Четврто, сега е јасно зошто е предлогот на Заев за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоуптреби. Е таков компромис со правдата што ќе произведе неправда нема да помине.