Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва на Канал 5 во 18,30 часот ќе има тв-дуел со претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Вечерва во 18:30 сум на ТВ дуел со Зоран Заев на Канал 5.
Ќе зборувам отворено за сите актуелни политички теми.
За тонењето на земјата, за поразите што и ги донесоа, апатијата што ја шират и за иднината за која ќе се избориме. За обновата која доаѓа и мафијата која сака да се спасува.
Следете не“ – објави Мицкоски.