По средбата со премиерот Зоран Заев, што се одржа во владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека на средбата со Заев разговарале за техничкиот министер за внатрешни работи.
Се договориле премиерот да направи проверки, па откако тоа ќе биде направено официјално ќе го соопштеле името, откако ќе се слушнат телефонски.
Мицоски најави дека тој и Заев повторно ќе разговараат в понеделник, кога треба да стане збор и за другите министри и заменици, по што јавноста ќе ги дознае и нивните имиња.
По средбата на Мицкоски со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, што се одржа пред таа со Заев, во јавноста излезе името на Драган Ковачки како предлог на ВМРО-ДПМНЕ, за технички министер за внатрешни работи.