Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, вечерва ќе ги образложуваат ставовите на партијата за референдумот за промена на името.
Николоски ќе биде гостин во 18:18 на Алфа телевизија во отворено студио, а Мицкоски ќе гостува во 20:30 часот во „24 Анализа“ на телевизијата 24 вести.
Мицкоски вчера на прес-конференција уште еднаш нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е против Договорот од Преспа и го повика членството да гласа по сопствено убедување.
„Секоја индивидуа ќе донесе одлука која е најдобра за семејството и Македонија. Нема партиите да одлучуваат. Нацијата ќе одлучи, на таа одлука ние ќе се поклониме и тоа е тоа“, рече лидерот на партијата.