Христијан Мицкоски во вечерашното гостовање на АлсатМ телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ прави се за Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.
Мицкоски кажа дека цело време се залага да се добие датум, бидејќи тоа ќе биде добро за сите граѓани.
Не треба граѓаните да се казнат, за тоа што имаме арамии на власт, смета Мицкоски и изрази надеж дека датум ќе има.
– Лично се надевам дека конечно ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој констатира дека Договорот од Преспа не е доволен за почеток на преговорите, туку се потребни и реформи.