Македонија 28. август 2019. / 10:57

Мицкоски го честита празникот: Да се спротивставиме на неправдите, да се избориме за подобар живот

Мицкоски го честита празникот: Да се спротивставиме на неправдите, да се избориме за подобар живот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им го честиташе на православните верници денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, со желби за многу здравје, среќа и личен успех.

Нека денешниот празник внесе спокој во Вашите домови. Нека ваквите големи празници бидат мотив да се присетиме на клучните пораки кои ги шири христијанството, а тоа е мирот и заедништвото, праведноста и добрината. Во овие несигурни и тешки времиња за нашата земја, да бидеме истрајни во нашата заложба за градење на заедничка иднина. Да се спротивставиме на неправдите, да се избориме за подобар живот. Да бидеме истрајни против корупцијата и криминалот кои го разјадуваат секое здраво ткиво од нашето општество, и не влечат надоле. Со заедништво да одговориме на поделбите, на нападите да одговориме со смиреност, и верба. Мракобесието надвиснато над нашата земја да го победиме со одлучност и желба за обнова. Да се помолиме за светол пат и чиста мисла – порачува Мицкоски.

Мицкоски во честитката натаму наведува дека Пресвета Богородица е длабоко вкоренета во верувањата и традициите на нашиот народ, и овој празник има особена почит кај народот и е дел од големата народна меморија.