Македонија 11. септември 2019. / 13:33

Мицкоски: Главната борба на Заев беше да се спаси од одговорност за криминалите на власта

Мицкоски: Главната борба на Заев беше да се спаси од одговорност за криминалите на власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека лидерската средба била борба на премиерот Зоран Заев да се спаси од одговорноста за криминалите на власта.

Мицкоски кажа дека Заев барал, на секој начин да се спаси себе си, својата фамилија, но и блиските соработници, од крминалот. Тој кажа дека има индиции и за други криминални скандали од размерот на „Рекет“.

Тој повтори дека Заев предложил формирање на Обвинителство за гонење на висока корупција, но тоа да не ги опфати скандалите на оваа власт, кои досега се објавени.

За него е неприфатливо ова, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите.