Македонија 23. мај 2018. / 21:09

Мицкоски до Заев: На конкурс ли ги вработивте сестрите, браќата, стрините на вашите функционери?

Мицкоски до Заев: На конкурс ли ги вработивте сестрите, браќата, стрините на вашите функционери?

На конкурс ли градоначалничката на Битола го вработи својот брат, или градоначалникот на Берово неговата сопруга? Дали на конкурс Генералниот секретар на Владата го ангажираше кумашинот за адвокат, а директорката на агенцијата за вработување ги вработи сестрата на сопругот, внукот од сестра на сопругот и старосватицата, истакна Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, обраќајќи се до премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот на МРТ.

Мицкоски исто така запраша дали заслужено и на конкурс синот на советникот на Заев, Мирослав Грчев е вработен во ЕЛЕМ исто како и ќерката на Талат Џафери исто во ЕЛЕМ?

Господине Заев сонувате, тука сум да ви помогнам, не е таква реалноста. Ве разбирам опкружени сте с о луѓе кои ви кажуваат тоа што сакате да слушнете, но граѓаните трпат. Ајде да направиме конкурентно општество, да направиме вистинска држава каде што секој ќе напредува и ќе се врабоптува затоа што поседува квалитет, затоа што им а техника и вештини, а не затоа што е син, внук сопруг, старосватица, кумашин или кум, потенцираше Мицкоски.