Македонија 08. септември 2019. / 11:55

Мицкоски: Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното

Мицкоски: Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното

Денес на 2 764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото, напиша Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес. Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме.
Среќен родденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!
Да сте живи и здрави Македонци!, напиша Мицкоски на Фејсбук.