Македонија 19. јули 2018. / 17:07

Мицкоски: Целта е граѓаните да не се замајуваат со повеќесмислени прашања на референдумот

Мицкоски: Целта е граѓаните да не се замајуваат со повеќесмислени прашања на референдумот

„За некои од темите имаме проближување на ставовите, за некои немаме, се договоривме во недела повторно да се сретнеме“, кажа Мицкоски по лидерската средба.

„Целта ни е да не се замајуваат граѓани со повеќесмислени прашања на референдумот“, кажа Мицкоски и додаде дека разговорите престанале кога почнала темата за формирањето на ДИК.

Запрашан дали амнестијата е дел од разговорите, Мицкоски кажа дека станува збор за груба манипулација.

Мицкоски за вечерва најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава на Извршен и Централен комитет.