Македонија 17. септември 2019. / 10:22

Мицкоски: Бензините поскапеа, Владата ги задолжува граѓаните, добро утро Македонијо!

Мицкоски: Бензините поскапеа, Владата ги задолжува граѓаните, добро утро Македонијо!

Уште еден ден од „животот” на Заев кој станува пекол. Ова го напиша денеска лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на Фејсбук.

– На почеток на денот, а бензините поскапеле, владата ги задолжува граѓаните за 61 милиони евра, и веројатно ќе посведочиме за уште некој криминално рекетарски скандал. Добро утро Македонијо! – напиша тој барајќи оставка и предвремени избори.