Македонија 04. февруари 2020. / 12:09

Мицкоски: Бегањето од избори на Заев е бегство од соочување со одговорноста

Мицкоски: Бегањето од избори на Заев е бегство од соочување со одговорноста

Ќе започнам директно и без заобиколување, бегањето од избори на Зоран Заев е бегство од соочување со одговорноста. Со ова покажува дека е подготвен целата држава да ја стави во заложништво, само за да се обиде да се спаси себеси.  истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Никој во оваа држава не верува повеќе во тоа дека сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа, а Заев да нема никаква вина во најкорумпираната влада.

Никој не верува во тоа да сме прогласени во хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим, а Заев да нема никаква вина во газењето на слободите и правата.

Никој не верува во тоа да за три години нема ниту еден процесуиран и сериозен случај за криминал против било кој човек од власта, а Заев да не врши влијание врз разнишаното и без кредибилитет обвинителство и судство. Не е до законот за обвинителство колку што е до анкетите и до навигацијата кој Заев ги добива секој ден на терен.

А, кои покажуваат дека СДСМ нема поддршка од граѓаните и разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се зголемува. Јасно е дека намерата на Заев кој знае дека ги губи изборите е да се обиде да ги одложи и да одбегне одговорност со тоа, изјави Мицкоски.