Македонија 26. март 2019. / 19:12

Мицкоски бара неселективна правда – Заев бара опозицијата да не ја блокира државата

Мицкоски бара неселективна правда – Заев бара опозицијата да не ја блокира државата

Преговорите за Специјалното јавно обвинителство не се пропаднати, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денеска до меѓународната заедница и до министертството за правда ги поднеле предлог амандманите за СЈО.

Мицкоски смета дека ако досега ова СЈО биде повторно инкорпорирано во постоечкото, ќе има исти ингеренции, па затоа не се постигнува целта. Има права, но нема обврски, смета лидерот на опозицијата и додаде дека СЈО треба да се спои со Обвинителството за гонење на криминал и корупција.

Правда за секого и за сите и неселективна правда се принципите за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат конструктивни во овој процес и да не ја блокираат државата.