Македонија 10. октомври 2019. / 22:15

Мицкоски: Ако ги изгубам изборите ќе поднесам оставка

Мицкоски: Ако ги изгубам изборите ќе поднесам оставка

„Ќе поднесам оставка ако ги загубам изборите и ако не успеам да составам Влада“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју кое ќе биде објавено утре во 18 часот на „Макфакс“.

Се разбира, да. Ќе понесам одговорност доколку тие избори бидат фер, транспарентни, да, ќе понесам одговорност и ќе поднесам оставка. И не само тоа. Ќе одам и чекор понатаму. Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност, рече Мицкоски.