Македонија 06. јули 2019. / 17:09

„Метличката“ на Заев од вторник ќе удри по директорите

„Метличката“ на Заев од вторник ќе удри по директорите

По владината реконструкција од страна на премиерот Зоран Заев по која општ заклучок беше дека јавноста не е задоволна од тоа како мина догонајавуваната „метла“, во вторник се очекуваат првите одлуки за промена на функционери од вториот и третиот ешалон, објави „Сител“.

Станува збор за директори на јавните претпријатија и раководители на другите служби, но најпрво за тоа треба да се разговара и со помалите коалициони партнери, бидејќи голем дел од овој кадар потекнува и од нивните редови.

Заради тоа, во понеделник се закажани преговори со коалициските партнери, а од следниот ден се очекуваат првите одлуки.