Македонија 03. May 2019. / 17:27

Мерсел Биљали за ,,Лидер”: Кај СДСМ има сериозна апстиненција, тоа е сериозен аларм!

Мерсел Биљали за ,,Лидер”: Кај СДСМ има сериозна апстиненција, тоа е сериозен аларм!

Политичкиот аналитичар, советникот на премиерот , професорот Мерсел Биљали смета дека во моментов најголемата закана за непосакуван изборен резултат на Зоран Заев, доаѓа токму од неговото членство. Економијата со која и неможе баш да се пофали власта е еден од проблемите и разочарувањето, смета Биљали. За метлата на Заев вели тое е навредувачки симбол со елементи на одмазда.

Иако е еден од советниците на Зоран Заев, Биљали отворено зборува за пропустите во раководењето со државата но и со партијата. Смета дека добар дел од функционерите го злоупотребуваат ,,пријателството” со лидерот, па и оттаму наместо работа немаат идеја што да прават во самите министерства. Треба да има раководни смени, сами треба да си заминат оние кои го изгубиле кредибилитетот кај јавноста.

Биљали верува дека ќе се избере претседател на 5 мај. Негова проценка е дека гласовите од Река ќе се прелеат кај кандидатот кој се залага за евроатлантска иднина на државата. За ДУИ вели дека е предолго на власт и луѓето се изморени од неа.

 Пред финалето сме на ,,натпреварот” за избор на шеф на државата.  Изборниот резултат од првиот круг, власта го поистовети со  метла. Како советник на Премиерот, дали го советувавте дека  ,,метлата требаше да заигра” порано?

Мене „метлата“ ми асоцира на навредувачки симбол со елементи на одмазда. Ние мора да се научиме рутински да ја завршиме работата по своја совест, професионално и одговорно, а и рутински да одговараме а не инцидентално. А ако немате резултати самите си заминувате, не треба да чекате метла. Изгледа сите досегашни наши влади не успеа да внесат поголем професионализам во работењето на високите владини функционери.

Партиското го прави своето, оти тука важат други критериуми, често апсурдни. Факт е дека ако немате доволен професионализам во самата партија, не треба да очекувате дека ќе ја имате во власта. Советниците не се за да советуваат метли, тоа треба по логиката на работите да го знае првиот човек, оти сепак товарот на општиот неуспех во владата најмногу паѓа кај првиот човек на владата. Советниците треба да познаваат еден сегмент од општествените дејности и нивната улога е тоа. Во бројни министерства немаат основни идеи што да прават, како да ги поедностават работите, како да им излегуваат на пресрет на граѓаните и компаниите. Тука за жал не можеме многу да се фалиме.

Според Вас, зошто премиерот Зоран Заев најавува санкции против своите ,,неработливи” сопартијци токму во овој период, меѓу двата изборни круга? Дали на Заев му остана само оваа карта за да ги придобие гласачите?

Познавајќи ја добро неговата природа, не мислам дека сега игра на картата само за да ги добие овие избори, оти наредните парламентарни не се далеку. Мислам дека пораката е јасна и таа бара поинакво однесување кај секого. Ние можеме да бидеме пријатели и другари, но неснаоѓањето или недоволното залагање е злоупотреба на пријателството. А зошто на пример токму поради пријателството да не бидеме уште поефикасни!?

Ние мора да имаме јасна развојна стратегија каде што државата ќе понуди развојни проекти и визии, и да ги моли тие луѓе што имаат некоја пара за да инвестираат. Сите процедури треба да завршат за недела две, а не со месеци и години, поинаку луѓето ни бегат. Не сум економист, но јас преферирам да се ориентираме кон внатрешните инвеститори колку и да се мали тие. Оти кај странскиот инвеститор профитот заминува надвор. Луѓето со години бараат локации за помали компании, за фарми итн. а се соочуваат со блокади. Тоа е гревота. Такви луѓе кои ја кочат работата не треба да бидат ниту портири во таквите министерства и други институции. Мора да се смени свеста дека власта е наемен работник или аргат на граѓаните, и работата мора да ја заврши како што сака газдата, а тие се граѓаните кои ја плаќаат.

Во изедначената бика во која влегуваат Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски ,,битката” е и за остварување на цензусот. Ваше мислење може ли Северна Македонија да добие Претседател на 5 мај?

Мислам дека ќе успееме со цензусот. Луѓето се свесни дека ако сега не ја завршиме работата  пак ќе заглавиме во политичките и кризните лвиринти и ќе загубиме уште многу години. А доволно загубивме со Груевски најмалку 20 години. Десет реални загубени години и десет други за недобиеното кое тек сега треба да почне да се стекне. Добро е што премиерот презема дел од одговорноста, оти балканскиот инает знае да биде повеќекратно поголем од рационалноста во размислувањето. Ние знаеме и поради една болва да ја запалиме куќата.

Она за што се борат двата табори се гласовите на Блерим Река. Што мислите дали 80 000 гласачи и поддржувачи на Река на 5 мај ќе излезат на гласање и на кого ќе му дадат поддршка?

Да оти тие не се цврсти или фанатични гласови. Тука кај албаскиот гласач проработела логиката, ајде првиот пат нема смисла да не го гласаме кандидатот Албанец, а на втора рунда ќе гласама за евроатлантскиот процес. Мислам дека поголемиот процент од гласовите албанци за Река се во насока да не го дискредитираме кандидатот Албанец, иако за разлика од него како кандидат, гласачите знаеле дека шансите му се нула.

Ако има некој невидлив договор меѓу Алијансата на Албанците и ВМРО, мислам дека нема да биде продуктивен оти ВМРО има оставено многу лузни во свеста на Албанците и тешко дека многу луѓе би гласале за таа опција. Јас очекувам од Алијансата на албанците да води пореална и посодржинска политика. Брзите и радикалните ставови многи и штетат на таа партија, и пак и овозможуваат на ДУИ да продолжи да биде главен албански фактор,а без конкретни резултати.

 Изборниот резултат на Стево Пендаровски во првиот круг многумина го гледаат како ,,неверство” на ДУИ. Дали на интегративците им одговара Талат Џафери да раководи со државата? Дали Ахемти го и ќе го изневери Заев или ќе ја ,,изигра” политичката игра до крај?

Не, тоа е плитка работа. Мислам дека ДУИ има многу загубено како подршка кај Албанците и тешко дека можат многу луѓе да убедат за да гласат. Мислам дека тие знаеле дека ако форсираат на терен, тогаш Река ќе добиеше уште повеќе гласови. Сега можеби ќе бидат поактивни оти го нема аланскиот кандидат. Предолго е оваа партија на власт и луѓето се изморени од нејзе. А и многу граѓани Албанци сега самите ќе гласаат за евроатлантската ориентација без оглед на тоа што не се подржувачи на ДУИ. Тие добро знаат дека тоа е и нивен интерес.

Дали РСМ ги има вистинските кандидати за претседател?

Никој не е совршен и секако дека имаме и посилни луѓе што можат да ја обавуваат таквата функција, но мислам дека кандидатите се луѓе од добро познавање на материјата поврзана со работата на претседателот на државата. Факт дека партиите премногу се експонираат со нивните политики кои се надвор од претседателските функции и надлежности, но политичкиот амбиен е таков да партиите имаат потреба да со сите арсенали да докажат дека тие си ја уживат довербата на граѓаните во државата.

Коментарите во јавноста се дека Заев губи од ,,своите’’. Доколку пропаднат изборите, треба ли оваа влада да распише предвремени парламентарни избори?

Не врувам дека крајниот резултат ќе биде неповолен за Заев, оти другата опција не успеела а можеби и нема сили да расчисти со Груевизмот, дури сеуште ги штити. Мислам дека на овие избори скоро да немаше психолошки победници оти ВМРО има мал квантитум на гласови, но кај СДСМ има сериозна апстинеција на нејзините гласачи кои не се задоволни од повеќе сегменти и веројатно ќе сакаат да праќаат порака. Тоа е веќе сериозен аларм.

Исто така мислам дека тие се луѓето кои во неговата партија го имаат загубено кредибилитетот кај јавноста е подобро што побрзо да си заминат од партиската функција. Исто така треба да се види и тоа колку тежат или не тежат одделни луѓе без политичка подршка во владата, а се важни за развојот и инвестициите. Мислам дека понекогаш едни луѓе со самото нивно присуство и историја се негативни поени за власта. Тука по мое мислење треба да се напрви сериозен рез. Од коалиционите партнери исто така треба да бараат силни луѓе кои ќе се справат со задачите, а кои барем од душа ќе посакуваат и ќе се залагат за општ развој во државата. Ние имаме полно луѓе со знаење и идеал.

Во изборна кампања се случува упад во ИВЗ. Владата се огради од случувањата во ИВЗ, партиите ги осудуваат а ИВЗ сериозно и се закани на владата-Повќе не сме на иста страна- Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници“, изјави поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Кој стои зад настаните во ИВЗ и која е позадината на случувањата?

Не ми е јасно зошто токму сега тоа се случи. Дали тоа е нечија манипулација, наивност или како што едни велат – провокација од „сваровско“ судство. Да оставиме времето да покаже што се крие зад ова.

Дали во земјава мултиетничноста од слово на хартија може да се преслика во пракса? До кога ќе се бројат албански наспроти македонски гласови? До кога иднината на државата ќе зависи сегментирано од гласовите на албанците кои се борат за правата на албанците а не за иднината на Република Северна Македонија.

Мислам дека сите ние се менуваме. Нели на последнит парламентарни избори бројни Албанци скоро без никаква организација гласаа за СДСМ. Нивните очекувања беа првенствено од економска природа. Но, за жал малку од тоа, па затоа сега многу луѓе останаа дома и не излегоа на гласање. Секој нормален сега бара подобар живот. Видете, сега имаме четири универитети на албански јазик, па сега без економија тие имаат многу слабо значење. Најголем патриотизам е економската и социјалната благосостојба. Другото е се приказна за деца и ги натера луѓето масовно да бегат надвор.