Сигурниот партнер на Заев, Мендух Тачи е на црната листа на Владата на САД, кај нас е осуден, во САД му е забранет влез, но не е проблем да биде дел од владата која ја крчка Заев.
Мендух Тачи, лидерот на ДПА е најпознато има од албанскиот политички кампус над кого се воведени санкции како за загрозувач на стабилноста на Западен Балкан. Своевремено Белата куќа соопшти дека одлуката се однесува на лица кои финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот, а Претседателот на ДПА, Мендух Тачи е најпознатото име од албанскиот политички кампус во земјата, покрај пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, Џезаир Шаќири, познат под прекарот Хоџа, командант Чакала и неколку поранешни војници на ОНА.
Американските санкции против лица вклучени во екстремистички активности во земјите од Западен Балкан беа воведени во 2001 година. Со нив на американските граѓани им се забранува да склучуваат бизнис-зделки со тие лица или да им префрлаат пари.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи е осуден на 3 години и 2 месеца во предметот на СЈО „Титаник 2“. Тој беше отсутен на прогласувањето на обвинетите за виновни и на изрекувањето на пресудите, но судијата Огнен Ставрев потсети дека Тачи му наложил на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев и дека никој нема право да ја узурпира правната држава за стекнување на лични и партиски интереси и да ја злоупотребува службената положба и овластувањата.
Но, сето ова не претставува никаква пречка за токму Мендух Тачи да биде дел од идната Влада на Заев, иако претседателот Пендаровски побара Претседателот на Владата и министрите во новата влада да не биле во врска со криминални афери.
Тие треба да бидат луѓе кои не биле инволвирани во ниту една афера со криминален бекграунд имајќи предвид дека нашиот далеку најважен предизвик во годините што доаѓаат ќе биде владеење на правото, и последно, но не и најмалку важно, не само првиот, туку и вториот и третиот ешалон на функционери да можат да добијат безбедносен сертификат од НАТО бидејќи како земја-членка само така ќе нѐ прифатат како кредибилен партнер од доверба во Алијансата, рече Пендаровски.