АНАЛИЗА НА ЛИДЕР: Македонскиот премиер Зоран Заев, Владата и целата држава се соочуваат со своевидна меѓународна изолација која се рефлектира на повеќе полиња како што се имплементацијата на нашата армија во НАТО, вакцинацијата, пристапот до европските фондови и трговските договори.
Пред точно една година и два месеци, на 4-ти декември 2019, се случи последната средба на премиерот Зоран Заев со некој од високите светски лидери, кога тој во кулоарите на Состанокот на лидерите на НАТО се сретна со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.
Од тогаш па наваму, ниту Заев ниту било кој од министрите во Владата се нема сретнато со ниту еден светски лидер. Макрон, Меркел, Џонсон, Нетанјаху, Конте и останатите европски и светски државници целосно ја ставија Македонија надвор од својата агенда во истиот момент кога земјата се соочува со сериозни предизвици во делот на кадровско имплементирање во НАТО, вакцинацијата против вирусот Ковид-19 и сериозната економска криза.
Владата се обиде да инфилтрира руски агенти во НАТО?
Голем дел од предложените македонски кадри за работа во НАТО алијансата, беа одбиени за добивање на безбедносен сертификат од страна на најголемиот воен сојуз.
Според она што го пишуваа медиумите, кадрите кои министерката Радмила Шекеринска ги испрати во НАТО биле вратени поради тоа што директно или индиректно биле поврзани со руската тајна служба која постојано се обидува да инфилтрира свои агенти и да извлекува информации од алијансата.
Од Владата постојано одговараат дека ова била нормална процедура иако објави и статистики за одбиени кадри од страна на НАТО до сега не сме гледале кога била во прашање интеграцијата на другите НАТО земји.
Ваквите случувања се на голема штета на имиџот на Македонија, која го смени името за да влезе во НАТО алијансата, а сега нема капацитет да прати квалификувани и чисти кадри.
Дури до 2024 ќе бидеме изолирани поради „Ковид-19“
Вистинска изолација и следува на Македонија како дел од Ковакс системот за вакцинација. Се очекува целиот свет да се врати во нормала во 2022 година, а Македонија да чека дури до 2024 година. Покажува истражувањето на еминентниот институт GZЕRO на политологот Јан Бремер, шеф на водечката глобална компанија за проценка на политички ризици Eurasia.
Оваа компанија важи за една од најреномираниете и дури е дел од преговарачкиот процес за ЕУ. Извештајот, каде е споредено кои држави кога ќе се вратат во нормала, покажува дека ние многу по развиениот свет ќе стигнеме до фаза на имунитет од Ковид-19. Истражувањето беше објавено и во The Economist Intelligence Unit.
Неможноста на Владата да набави вакцини нѐ става на светското дно по бројот на вакцинирано население. По ова, Заев се обидува да нѐ тргне од стратешката определба кон запад и воспоставува конекции со Кина за да може да се набават вакцини. Споредбено со нас, соседна Србија е во далеку подобра позиција и веќе има вакцинирано гоилем процент од своето население и тоа со вакцини од сите можни производители.
Никој не потпишува трговски договори со нашата земја
Освен на здравствено и политичко ниво, изолација има и на трговско ниво.
Според последните податоци на Министерството за економија и Министерството за финансии, бројот на потпишани меѓународни договори за трговија бележи драстично намалување за време на мандатот на сегашната Влада предводена од СДСМ. Овој негативен тренд се должи на фактот што сегашната Влада не потпишала ниту еден трговски договор за време на својот досегашен мандат.
Како резултат на ова, во периодот мај 2017 – ноември 2019 година, во однос на предходните две и пол години, бројот на склучени трговски договори помеѓу Македонија и други земји е намален за максимални 100 отсто – покажува истражувањето на Конзерватив МК.
За споредба, во предходниот двеипол годишен период од ноември 2014 до април 2017 година, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ склучила точно шест вакви договори.

Според истражувањето, резултатите на Зоран Заев се најлоши од осамостојувањето на Македонија. Подобри резултати сме имале дури и во првите две и пол години од нашата независност, односно во периодот јануари 1991– јуни 1993година, кога тогашниот државен врв успеал да потпише два трговски договори, од кои еден со Словенија во февруари 1992 година и еден со Русија во мај 1993 година.
Што се случува во трговијата со дрога?
Семејството на премиерот Зоран Заев веќе подолго време е дел од легалниот бизнис за одгледување на марихуана во Македонија. Но, Заев има минато и сегашност во кое често може да се поврзе со сомнителни луѓе. За потсетување, тој се сретна со Мајк Штрауметис, попознат како Биг Мајк кој светските медиуми го квалификуваат како „Кралот на марихуаната“ и против кого се водат бројни кривични пријави во западниот свет за нелегално работење.

Процесот на легализација на марихуаната освен за медицинска и за рекреативна употреба, одамна е најавен од Владата, но, во исто време јасно е дека премиерот може да се поврзе и со луѓе кои се гонат кривично за трговија со тешки дроги.
Минатата недела во заедничка акција на американската агенција ДЕА, српската и бугарската полиција, уапсен е возачот на бизнис партнерот на Заеви во бизнисот со марихуана за медицински потреби Предраг Колувија.
Во оваа меѓунардона aкциja во Србија yaпceни се и М.С. (37) од Ниш и М.Т. (47) од Чајетина. Кај нив е пронајдена количина од два килограми xepoин. Истовремено во Бугарија се yaпceни српските државјани Ж.М. (39), за кого постои coмнeж дека е водач на оваа група и бугарските државјани Д.С, А.Н., Г.Х. и Н.Х. Запленети се вкупно 20 килограми xepoин.
Милош Т. освен што е возач на бизнис партнерот на Заеви, тој е обвинет и за фалсификувани документи. Неговото име се споменува и во друго обвинение во случајот „Јовањица“, во кој се обвинети и припадници на бeзбeднocните cyжби, односно членови на oбeзбeдyвањето на овие нapкo-плантажи.
Бизнис партнерот на Заеви во бизнисот со марихуана за медицински потреби, Предраг Колувија претходно беше успасен во родната Србија за незаконско одгледување марихуана. Колувија, кој е познат како српски „крал“ на органската храна е партнер со „Бул-билдинг“ од Струмица, компанија која има дозвола од Владата за одгледување на канабис за медицински цели.
„Бул-билдинг“ не е основана од српскиот бизнисмен, туку тој влегол во нејзината сопственичка структура во март 2019 година, а негови актуелни партнери во Струмица се една компанија – „Минстрој Холдинг“ и две физички лица – Александар Пиперевалиев и Горан Крстев.
Вториот партнер на Колувија во „Бул-билдинг“, Горан Крстев, е познат бизнисмен од Струмица и пријател на семејството Заеви.
За Крстев медиумите пишуваа дека тој четири години работел во Солун и на Халкидики во градежниот сектор како изведувач. Тој е косопственик на три фирми со семејството Заеви, пишува „Тессњуз“.
Според написот, Крстев поседува бугарски пасош со место на живеење во Петрич. Тој е косопственик на фирмата „Сара-Јавор енгинеринг ЛЛЦ Струмица“ заедно со братот на Заев, Вице Заев, со кого имаат уште една задничка фирма.
На крајот, се поставува прашањето: Кој светски лидер би се сретнал со вакво лице? Кое може да се поврзе со интернационални нарко дилери? Одговорот на прашањето го имаме веќе една година и два месеци! – Никој!