Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити вчера рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си ги криеле скандалите за да напаѓаат албански функционери.
Меџити вчера на дебатната емисија Клик Плус на ТВ21 зборуваше за отворањето на постапката од антикорупциската комисија за Блерим Беџети, со што направи паралела дека секогаш кога СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да сокријат некаков нивен скандал, отвораат случаи против албански функционери.
Меџети додава дека тие две партии го контролираат и судството и повеќето од институциите.