Премиерот Зоран Заев, денеска одржа заедничка прес-конференција со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Вашата посета е потврда за афирмирање и охрабрување на нашето стратегиско партнерство и претставува силен сигнал за исправноста на политиките на Република Македонија што ги презема на планот на промовирање на дијалог, толеранција и регионална соработка и додаде дека поддршката на САД претставува силно охрабрување за нас, изјави премиерот.
Тие дискутирале за односите во одбраната меѓу САД и Македонија.
Вашата земја се покажа како одговорен партнер и важен придонесувач кон глобалниот мир и безбедност, служејќи во големи иницијативи, како Јадранската повелба и Балканската медицинска сила, со нејзиното учество во мисиите на НАТО, на ЕУ и на ОН насекаде во Европа, изјави Матис.
Матис се заблагодари за мисијата на Македонија во Авганистан каде нашите војници стојат рамо до рамо со сите други сојузници за еден мирен и безбеден Авганистан.
Матис го поздрави Договорот од Преспа и најави дека денеска исто така ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов.
Немаме дилема дека нашата иднина е во НАТО алијансата, на иста маса со САД и со другите сојузници, носејќи ги важните одлуки кои со учество во меѓународни мировни мисии ги поддржувавме веќе 16 години, истакна Шекеринска и додаде дека сме подготвени да бидеме членка во НАТО која ќе се бори за безбедност, стабилност и економски просперитет.