Македонија 16. ноември 2020. / 21:47

Д-р Вело Марковски: Му се понудив на Филипче, но никогаш не ми се јави

Д-р Вело Марковски: Му се понудив на Филипче, но никогаш не ми се јави

Познатиот инфектолог, проф. д-р Вело Марковски вечерва во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија истакна дека тој ѝ препорачал на Владата на чело во битката со Ковид-19 да стават инфектолог и Комисијата за заразни болести да биде составена претежно од инфектолози.

Исто така, тој рече дека во разговор со министерот за здравство Венко Филипче се понудил самиот тој да биде вклучен на клиниките во борбата со Ковид-19, но министерот никогаш не му се јавил.

– Тој предлог го поддржа цела опозиција. Требаше власта да го прифати тоа. Мислам дека предлогот беше инфектолози, микробиолози, епидемиолози и еден имунолог. Значи не е битно кој од која партија е, важно е стручноста и кадарот. Значи мора да се слуша науката. Постојат и многу проблеми во организациска смисла. Има кадар на Клиника кои работеле со децении со респираторни болести и инфекции, а никаде не ги видов, да се вклучени дали во доктрина или во лекување. Ова му го кажав и на министерот Филипче на тој фамозен состанок. Но, тој немаше разбирање за тоа. Многу сум разочаран од министерот Венко Филипче како човек. Некои разговори што ги имавме за да помогнам во кризата, тој сосема поинаку ги интерпретирал во јавноста, изјави Вело Марковски на вечерашното гостување на Само Вистина.