Професорот Самоил Малчевски ја потсети власта на вистинските вредности на Европската унија.
Тој на Фејсбук ги напиша вистинските вредности на ЕУ и потенцира дека насилната промена на македонскиот Устав не е европска вредност. Малчески наведе цела листа на тоа што го прави власта, а е спротивно на темелите на организацијата, кон која долги години се стремиме да бидеме дел.
– Ве слушам цело време се повикувате на Европската унија!
Господо властодржци и вие нивни горди послушници, Европската унија има шест основни вредноси кои се запишани во нејзината доктрина и тоа:
1. Човечко достоинство
2. Човекови права
3. Слобода
4. Демократија
5. Еднаквост и
6. Владеење на правотоЕ сега,
1. Политичкото насилие и недемократските методи кои ги користевте при промена на Уставот на Република Македонија и кои секојдневно ги користите НЕ СЕ ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТ!
2. Селективната амнестија за вашите содружници во разнебитувањето на Република Македонија НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
3. Местењето тендери НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
4. Рекетот НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
5. Непотизмот НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
6. Корупцијата НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
7. Уништувањето на образовниот систем НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
8. Уништувањето на здравствениот систем НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
9. Местењето пресуди и притвори НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
10. Злоупотреба на службена должност НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
11. Злоупотреба на администрација во партиски цели НЕ Е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ!
итн…листата на ваши недела е голема! – напиша Малчески.