Македонија 17. август 2018. / 17:21

Љубчо Георгиевски до Бугарија: Искористете ја наклоноста на Заев, не создавајте нови проблеми

Љубчо Георгиевски до Бугарија: Искористете ја наклоноста на Заев, не создавајте нови проблеми

Според Георгиевски, во момент кога Бугарија во западната соседна земја го има најдобриот пример, кога има разбирање и иницијатива нештата со Бугарија да се развиваат, на сцена стапува една крајна арогантност, наглост, демонстрација на целосно непознавање на внатрешните состојби во Макеоднија и длабоко поткопување на позициите на својот пријател.

Георгиевски нагласува дека тој лично во период од околу три децении се обидувал во Македонија до воведе нов пристап кон бугарската политика, но и да инцира ново читање на македонската историја за односните со бугарскиот народ.

„Во тие 28 години критиките најмногу ми беа насочени кон македонските митологии, лаги и историски фобии. Во таа смисла можам да се повикам на мојот личен придонес кон одреден дел од македонските граѓани да го променат своето мислење и без предрасуди да гледаат кон нашите бугарски соседи. Токму поради тоа, сега си давам за право да извршам сериозна критика кон бугарската политика на Република Македонија. Јас сум сведок на целосно непринципиелната политика, поставена изминатиот период од нашите пријатели од источната земја”, пишува Георгиевски.

Според него, тоа се случува кога на премиерската функција во Македонија доаѓа еден „прагматичен политичар, човек, кој со леснотија го потпиша Договорот за пријателство со Бугарија, кој постојано дава позитивни пораки дека сака да биде пријател со Бугарија, правејќи храбри пекори во таа насока“.

„И покрај тоа што во сопствената партија има голем отпор против неговата политика и покрај тоа што има голема опозиција, од страна на силната ВМРО-ДПМНЕ, која не престанува да повикува дека е склучен ‘штетен договор со Бугарија’ и покрај тоа што е изложен на критика за потпишаниот договор од историчарите, новинарите и од различни независни интелектуалци. И да не заборавиме дека македонските социјалдемократи го создадоа антибугаризмот во Македонија”, додаде тој.