Крајот на летото е периодот најпогоден за избори, бидејќи тоа е периодот кога според експертските проценки здравјето на граѓаните ќе биде најзаштитено, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Заев како што владее цели три години така продолжува, со ултиматуми и уцени. Неговиот став или избори во јуни или декември е неприфатлив. Нема коцкање со здравјето на луѓето, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Борбата на Заев е за неговата кариера, нашата е за здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните пред се. Брзи избори сега, значи не дали, туку колку жртви ќе се изборјат до крајот. Работа на политичарите е да се грижат за здравјето на сите, додаваат од партијата.