Македонија 21. мај 2018. / 11:48

Левица поднесе кривична пријава против премиерот Заев

Левица поднесе кривична пријава против премиерот Заев

Левица поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за сторено дело од кривичниот законик кој се однесува на загрозување на Уставниот поредок.

-Граѓанин кој ќе доведе државата во потчинетост од друга држава го сторува ова кривично дело. Се повикуваме на официјалните изјави на премиерот на Македонија и на премиерот на Грција. Сметаме дека на средбата која се одржа на 17 мај со прифаќање на ерга оменс решение и изјавата дека ќе се стори се што е во моќ на премиерот тоа да стане официјана држава политика Република Македонија и се подриени нејзините меѓународни позиции во преговарачкиот процес и е нанесена штета и е доведена државата во зависност од друга држава. Бараме распит на пријавениот и процесуирање на случајот -рече Димитар Апасиев од Левица.

Апасиев додаде дека предметот ќе се проширувал и против шефот на диполматијата, Никола Димитров кој самиот призна дека тој го подготвувал сето ова што упатува на здружување и организирање за ставање на Република Македонија во зависна положба од друга држава.