Македонија 22. јули 2020. / 11:02

Лажниот сјај на изборниот триумфализам: Сопствениот неуспех Заев го компензира со напади врз ВМРО-ДПМНЕ

Лажниот сјај на изборниот триумфализам: Сопствениот неуспех Заев го компензира со напади врз ВМРО-ДПМНЕ

На лидерот на владејачкиот СДСМ, екс-премиер и претендент за нов мандат, Зоран Заев, по се изгледа, не му цутат рози и му гори нешто под нозе. Ваков заклучок може да се изведе по неговото вчерашно интервју, со што, практично, го прекина најавениот годишен одмор. Но, што е поважно, од интервјуто се гледа дека повеќе внимание посветува на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, отколку на чекорите, што треба да ги преземе во насока на формирање нова влада, а тоа, нели, беше основниот изговор за спроведување на корона изборите.

Изборните резултати се такви, какви што се. СДСМ во коалициоја со Беса освои 46 пратенички мандати. Во споредба со изборите во 2016 година, СДСМ има три мандати помалку. Заедно со Беса, пак, тогаш заедно имаа 54 пратеници. Во меѓувреме, Беса се подели на две партии и на овие избори заедно имаат 46 или осум пратеници помалку. Акмо се гледа само СДСМ, тогаш има 42 мандата или седум помалку од 2016 година.

Исто толку, седум пратеници помалку, на овие избори има и ВМРО-ДПМНЕ. Од 51 во 2016 падна на 44 годинава.

Оттука, триумфализмот на Заев има лажен сјај, зад кој повеќе се крие сопствениот неуспех, отколку радоста за победата на изборите. Зашто, бројките се неумоливи. А, тие велат дека нема ни „п“ од победата, што тој самиот ја најавуваше. А, најавуваше победа со разлика од 50.000 до 120.000 гласови или двоцифрена разлика во бројот на пратеници. Голата вистина е дека Беса, практично, го спаси СДСМ од пораз и на овие избори.

И, кога не е остварена таква победа, кога каквите-такви резултати не се проследени со еуфорија и славење, Заев почнува со византиски игри, типични за СДСМ. Само што он сега се обидува да ги надгради. И за да го сврти вниманието од себе, тој се впушта во внатрепартиски работи и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Што е пострашно, меѓу другото, држи отворени лекции за политичка и општа култура на своите опоненти. А, кога Зоран Заев, по се што се слушна и виде од негова страна, ќе говори за култура, тоа е исто како „курва да говори за чесност“!

Всушност, наметнувањето на внатрепартиските работи на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Заев и преземањето на диригентската палка во тоа е обичен параван зад кој се прави обид да се сокријат внатрепартиските состојби во СДСМ. Но, пред се, практичниот неуспех на изборите.

Зашто, се уште се свежи сеќавањата на реакциите на приврзаниците на т.н. скопско крило на СДСМ пред изборите. Незадоволството кај нив сега е уште поголемо, а некои зли јазици велат и дека отворено се барала оставка на Заев. И тоа од повеќе причини, не само заради резултатите од изборите.

На прво место се става криминалот во партијата. Зашто, случаите „Рекет“, сега Меѓународен сојуз, како и големиот број објавени „бомби“ недвосмислено потврдуваат дека тој, криминалот, во партијата станал професија! Ова особено кај „разгоропаденото“ струмичко лоби за кое се резервирани најпрофитабилните валкани бизниси, посебно со марихуаната. И за ваквата слика и перцепција не помагаат ни диригирано обвинителство, ни диригирано судство.

Заев во најмалку два наврати вети „медтла“ во редовите на СДСМ. Но, од неговите ветувања не остана ништо, исто како и од сите други негови ветувања. Наместо „метла“, тој се послужи само со обичен „шминкерај“, што внесе дополнителна доза незадоволство во партиските редови. Фактички, Заев со ова само го потврди сопственото деспотско владеење, што многу лесно го прочитаа и припадниците на т.н. „шарена револуција“ и младите во целина. Зашто, тие веќе не спијат со пиштоли под перница, туку со книги.

А, Заев сега токму тоа и го прави. Нуди пиштоли и криминално подземје не толку за да ја сочува власта, колку сопствените и криминалните бизниси на неговите партнери, кои стануваат смоквин лист за задржување на статус-квото во СДСМ.