Поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска преку својот Фејсбук профил сподели статус со кој ги критикува и премиерот и министрите во неговата влада по најновите скандали.
Дека тој не се срами од себе покажа многу пати. Но, дека ниту еден од министрите не се срами од него и дозволуваат сеуште да им биде авторитет е тажен факт и за македонската политика воопшто но и за самите нив. Верував дека има барем двајца што ќе се заблагодарат за довербата и соработката после последниот инцидент и ќе заминат со крената глава и чист образ. Не е крај на светот ако не си министер, напиша Куновска.