Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за објавувањето на снимките за рекетот на италијанските медиуми.
Костадинов бара забрзување на истрагата за да се октријат организаторите на аферата Рекет.
– Почитувани граѓани, нема правда, нема мир!
Од ова начело СДСМ никогаш нема да отстапи.
Како што ветивме, до крај ќе се бориме да го вратиме правото и правдата во Република Северна Македонија.
Уште еднаш ги охрабруваме и бараме правосудните органи да ги расчистат сите околности околу актуелниот случај.
Истрагата бараме да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. – рече Костадинов.
Тој кажа дека денешната снимка е дел од однапред подготвено сценарио. Сопред него сите мрачни сили биле впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Македонија.
Костадинов вели дека ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечив спас од истата.
– Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ, многу јасно и гласно го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги?
Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?
Кога се случиле ваквите разговори?
Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?
Дали и што примил на рака?
Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?
Го потсетуваме Христијан Мицковски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе на виделина.
Или тој ќе одговори на овие прашања, или одговорот со сигурност ќе стигне од друго место. – рече Костадинов.