Македонија 07. септември 2020. / 16:18

Корупцијата цвета со урбанистичките планови, а се вртат милиони евра

Корупцијата цвета со урбанистичките планови, а се вртат милиони евра

Моменталните законски решенија за деталните урбанистички планови имаат низа недоречености и оставаат простор за корупција.  За ова во изминатите години предупредуваат и архитектите и граѓанските организации.   Нивните предупредувања деновите се покажуваат на дело во скандал од 200 милиони евра со контроверзниот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.

На новинарско прашање лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска праша зошто токму тогаш се случува промената на тој детален урбанистички план со кој што се овозможува дополнителна можност за заработка на двестотини милиони евра на контраверзен бизнисмен кој што во еден таков нелегално стекнат материјал го слушавме за време на изборната кампања како споменува провизии во вредност од неколку стотици илјади евра, па потоа го гледавме демантираше, па велеше дека тие пари не ги зела оваа Влада, туку ги земала некоја друга Влада, па потоа иститот тој бизнисмен го гледавме како вели дека ветил две илјади квадрати кога ќе помине дупот.

Тука веќе не може да се вадиме дали било оваа или друга влада затоа што раководството на општината во која што се менува овој детален урбанистички план и тогаш и во една влада и во друга влада бил истиот од тоа раководство, па вели како ќе дал провизија од две илјади квадрати, па неколку милиони евра се споменуваат за работа која што треба да му биде завршена, а таа работа се завршува веднаш по формирањето на Владата.  Значи неколку дена по постигнувањето еве така да го кажам на коалицискиот договор се менува деталниот урбанистички план со кој што на криминален начин се овозможува да се стекне добивка од повеќе од двестотини милиони евра односно отприлика сто дваесет илјади метри квадратни станбен простор некаде околу шеесетина илјади метри квадратни се трговски и деловен простор, дваесетина илјади квадратни ако не се лажам се резиденцијални куќи и така натаму. Но, тоа не е се. Овој интеркоалициски договор предвидува и менување на други детални урбанистички планови. Ќе се прашате зошто коалициски договор помеѓу политички партии предвидува менување на детални урбанистички планови. Затоа што тоа е мафија, а мафија е тесно поврзана со нелегални вредности. Затоа што тука нема никаква врска со политика, а такви детални урбанистички планови и такво менување ќе се слушнете деновиве, тука во строгиот центар на градот и зошто се менувани и кога се менувани и која била целта на менувањето на тие детални урбанистички планови, вели Мицкоски. 

Затоа што обично кога во светот се постигнуваат интеркоалициски договори помеѓу политички партии се дефинираат политики, програма за работа и така натаму, а не се менуваат детални урбаниситички планови со кој што се овозможува екстра профит на лица кои што претпоставувам имаат определена обврска како што тоа го слушнавме од овој контраверзен бизнисмен, дел од тие пари и дел од тие средства стекнати како резултат на менувањето на овие детални урбанистички планови да ги вратат онаму кај тие што ги менуваат тие детални урбанистички планови, обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев пак денеска изјави дека  нивна задача  е да отворат простор да растат и да се развиваат градовите во перифериите. ШИК Јелак е на влезот во Тетово. Досега Тетово и многу други градови во нашата земја патат заради тоа што сите се втурнуваат да градат згради и други објекти строго во центар, истакна Заев , кој потенцираше дека   сопственоста на тоа земјиште или акционерска сопственост која е затекната или создадена од инвеститорот, е за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Детални планови во РСМ од независноста до сега се носат и ќе се носат. Сопственоста на дотичниот господин во ШИК Јелак е остварена во 2014, 2015 година и слично, тука нема промена во некаков вид на сопственост. Урбанистичкиот план е вратен три, четири пати, како што се и другите со сите забелешки од страна на Транспорт и врски и на крајот на февруари оваа година е даден на согласност. На крајот нека се гради во Тетово, нека се шири во периферијата, доста е во центарот на градот со узурпацијата на сите места, оцени Заев.