Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски деновиве откри пет бизнис зделки кои ги нудел премиерот Зоран Заев на бугарскиот премиер Бојко Борисов уште во време на опозиција.
Имено, Николоски вели дека уште пред да дојде СДСМ на власт Заев, му нудел на Борисов бугарски капитал да влезе во еден од рудниците во Македонија, односно, како што рече тој, сега се случува тоа со рудникот Иловица кој откако влегол бугарски капитал магично добил дозвола за работа, што не беше случај кога бил канадски капитал.
Според Николоски, како втора работа која што му ја понудил Заев на Борисов е една национална телевизија, акции во мобилен оператор, банка и како петто екслузивно Николоски откри дека ветил слободно користење на оптички кабел на една државна компанија.
–Зоран Заев ветувал на Бојко Борисов пред да дојде на власт дека откако ќе дојде на власт дека бугарски капитал ќе влезе во еден рудник во Македонија, гледате се случи во Иловица која што магично додека беше канадски капитал не можеше да добие дозвола за работа, но откако влезе бугарски капитал добива дозвола. Наеднаш вишиот Управен суд одлучи по правото и им даде дозвола, односно да не бидам ироничен јас сум носител во ИЕ 4 остро се спротивставувам на отворање рудник таму затоа што ќе ја уништи целокупната околина. Тоа го ветив јас, тоа го вети и Заев како носител на ИЕ4, но тој не си го одржал зборот, јас си го одржав. Значи прво ветил рудник. Второ, ветил една национална телевизија. Трето ветил акција во еден мобилен оператор. Четврто, ветил банка и петто, ветил слободно користење на оптички кабел оптички комуникациски оптички кабел на една државна компанија, вели Николоски.
Оттука се отвараат неколку прашања, која е националната телевизија, колку акции ветил и кој е мобилниот оператор, но најважно дали позади затворањето на Еуростандар банка стои директно премиерот Заев со што би се потврдиле шпекулациите дека тој е еден од виновниците за пропаѓање на банката и која е државната компанија на која ветил слободно користење на оптички кабел?
Дали премиерот Заев ќе собере храброст да одговори или ќе се крие и ќе продолжи да ги игнорира ваквите обвинувања остаува да видиме. Но, сепак останува правилото дека доколку Заев не одговори или не негира на обвинувањата значи дека истите ги потврдува.