Македонија 04. јуни 2020. / 14:03

Kога кај сите други ја снемува, во Македонија епидемијата експлодира

Kога кај сите други ја снемува, во Македонија епидемијата експлодира

Во последново деноноќие се регистрирани 120 новозаболени од Ковид-19 што е најголем пик од почетокот на епидемијата во нашата земја.

Досега највисокиот пик изнесуваше деновиве со 107 заболени лица регистрирани за 24 часа.

Во цела Европа, особено во нашиот регион, веќе со недели има драстичен пад на заразата, во некои земји скоро и да нема нови заразени, иако таму нема полициски час и слободни за работа се сите работни места вклучително ресторани, туризам па дури има и навивачи на спортските натпревари како во Србија. Само во Македонија има експлозија на ново заразени.

Како што пишува „Вечер“, на социјалните мрежи и во медиумите се почесто се бара оставка на министерот за здравство Венко Филипче, а таквите реакции се дополнително зголемени поради непочитување на мерките за заштита половина од раководството на неговата партија СДСМ, кои се заболени или во карантин што говори дека токму владејачката партија не ги почитува мерките кои ги препорачува на другите.

Министерството за здравство и министерот Венко Филиче немаат одговор ниту решенија за оваа експлозоја на заразата туку чекаат таа да се смири сама од себе, без оглед на послеиците од тоа. Македонија, инаку, е единствена држава во регинот која за над три месеци епидемија не купи ниту еден респиратор кој е неопходен за лекување на најтешко болните од корона вирус, а најголем дел од тестирањата на вирусот се вршат во приватни клиники а не во системот за јавна здравствена заштита.

Како што велат од „Вечер“, лекарите и медицинскиот персонал во Македонија имаа најлоши услови за работа од сите во регионот, опремата за заштита ја купуваа сами или се добиваше од донации а не се набавуваше од државниот здравствен систем и со државни пари, како што и за сместувањето на заразени или во карантин работата ја заврши приватниот а не јавниот здравствен сектор.

Практично, државата и јавниот сектор од сите активности редовно одработија само прес конференции но, дека тоа нема никаква функција покажува и експлозијата на епидемијата сега, кога кај сите други во Европа таа исчезнува.