Македонија 02. мај 2018. / 12:00

Коѕијас: Ако не го смени името, Заев ќе оди во Затвор

Коѕијас: Ако не го смени името, Заев ќе оди во Затвор

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вели дека ако не се смени Уставот на соседната земја, а се смени името на земјата , тоа ќе претставувало опасност за македонскиот премиер.

„За да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата. Може да се склучи меѓународен договор што ќе го содржи сето ова? Може и постојат правници што веруваат во тоа.

Но, искуството покажува дека ако се смени оваа влада, следната ќе го испрати Заев во затвор, велејќи дека го прекршил Уставот, со прифаќање на меѓународно име што не е предвидено и не е дозволено од Уставот. Односно и за нивна заштита, како што им имам објаснето, потребна е промена на уставот“ рекол министерот Коѕијас во синоќешното интервју на грчката Скај ТВ.

Како што пренесува дописничката на МИА од Атина, Коѕијас рекол дека преговорите одеа и одат добро и веќе праѓање е на другата страна „дали ќе прифати ерга омнес“, а тоа е смела одлука“ и објаснил дека погрешна е перцепцијата дека ерга омнес може да биде само за надворешна употреба.

Тој пак повторил дека не може во внатрешните и надворешните документи лични карти, дипломи, да се користи различно име – новото и уставното.

Тој вели дека можеби и нема да има договор „но за тоа нема да ние да бидеме виновни и тоа го знае и вселената“, пренесе МИА.