Поранешниот премиер и иден мандатар на шпанската влада, Педро Санчез ја доби поддршката од пратениците во шпанскиот Сенат за состав на новиот владин кабинет. Со 167 гласа „за“, 165 „против“ и 18 „воздржани“ е ставен крај на, речиси, едногодишната криза во земјата што резултира со изборите во ноември.
Санчез успеа во намера да состави Влада по ветувањето за воздржаност на РКЕ, најголемата сепаратистичка партија во Каталонија, во замена за разговори во наредниот период за решавање на статусот на овој шпански регион.
Лидерот на шпанската Социјалистичка партија, Санчез, заедно со Пабло Иглезијас, кој е на чело на „Унидас Подемос“ или Партијата на Обединетите, неодамна ја нагласија намерата за формирање на прва коалициска Влада во поновата историјата на земјата.
Санчез во неделата не успеа да обезбеди потребна поддршка од своите досегашни коалиционио партнери, па мораше да седне на преговори со каталонските сепаратисти за состав на владиниот кабинет.
Формирањето на Владата во Шпанија е значајно и за Македонија затоа што тоа е последната земја-членка на НАТО која треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, откако процедурата мина во сите останати 29 држави.