Македонија 01. септември 2019. / 13:03

Јанушев: Предвремени избори ќе има затоа што Македонија е на дното

Јанушев: Предвремени избори ќе има затоа што Македонија е на дното

Заев вели дека шансите на опозицијата се минимални за да добие избори, јас велам дека и тие минимални се многу поголеми од никаквите шанси Заев да победи и биде повторно премиер, порачa преку Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Предвремени парламентарни избори ќе има затоа што Македонија е на дното, зошто економијата е фијаско, криминалот царува … затоа што Македонија е распродадена. А, криминалците од власта се неказнети. Но, секој почеток има крај, а крајот на оваа ненародна власт е многу блиску– порачува тој.