Македонија 24. септември 2018. / 20:32

Иванов: Ниеден политичар нема мандат да преговара за идентитетот на еден народ

Иванов: Ниеден политичар нема мандат да преговара за идентитетот на еден народ

Со Преспанскиот договор сакаат да не понижат, да не направат недоветни сметајќи дека не знаеме како се викаме. Да се каже Република Македонија не е ни срам ни страв – порача од Детроит, претседателот Иванов. Вели дека политичарите не ја добиваат довербата од граѓаните со цел преговарање за промена на уставното име. Потенцира дека Македонија е трајна придобивка која со спогодбата се релативизира.

„Ниеден политичар нема мандат да преговара за идентитетот на еден народ. Мнозинството македонски граѓани не гласале за програма во која е предвидена промена на Уставот на Република Македонија заради промена на уставното име на државата. Па така, ниту актуелната влада не добила мандат од народот ниту од гласачите за промена на идентитетот, за откажување од дијаспората, за губење на историјата и паметењето.“ – изјави Иванов.

Претходно Иванов беше во посета на Њу Џерси каде што повтори дека на 30ти септември ќе бојкотира, но рече дека конечната одговорност е на граѓаните – дали ќе се задржи одлуката од првиот референдум од 91ва или правно ќе се укинеме како народ.